Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Пет години членство во НАТО: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме и меѓу граѓаните

Пет годишниот јубилеј од членството на Македонија во НАТО ја потврдува заедничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет годишниот јубилеј од членството на Македонија во НАТО ја потврдува заедничката сила, солидарноста, моќта на обединувањето. Одраз е на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата и слободата. Ова се главните пораки од свеченоста во касарната „Илинден“, по повод годишнината од членството во Алијансата.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека влогот во НАТО е влог во територијалниот интегритет на Македонија. Земјава ќе продолжи да придонесува за мирот преку учеството во мировните мисии, предводени од НАТО и од Обединетите нации, и ќе се усогласува со НАТО-стандардите и со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија.

Во ова немирно време во кое доминира воинствениот Марс, јас се уште посакувам  нова доба водена од мирољубивата Венера. Но, иако честопати повикувам како Хемингвеј на збогување со војните и оружјата, свесна сум дека се наоѓаме можеби во најкритичниот геополитички период по Студената војна, Безбедносните закани наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, вклучително и во напредните технологии и оружја. Затоа, како држава мораме да инвестираме во македонската одбрана и безбедност – рече Силјановска Давкова.

Реклама

Одбележувањето, кое помина во знакот на солидарност и сочувство започна со минута молк со кое се изрази длабока почит кон жртвите од пожарот во Кочани. Министерот за одбрана потенцираше дека сојузниците кобната ноќ веднаш понудиле помош – што е уште еден показател дека НАТО не ги штити само границите, туку се грижи за сите нас.

Земјите веднаш понудија помош таа кобна ноќ. НАТО не ги штити само границите, туку се грижи за сите. Тоа е најголемата вредност во Алијансата. Во тоа е нашата колективна сила. Нивната поддршка нема никогаш да ја заборавиме. Македонија има многу херои кои го дале својот живот, но и херои кои секојдневно се подготвени да помогнат. Потребни се промени. Системот може да се смени ако секој од нас даде свој придонес, рече министерот Мисајловски.

Македонија е силен и способен сојузник  – се согласија началникот на Генералштабот и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол.

Се покажа на дело која е вредноста на сојузништвото. Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност. Ова нека биде потсетник дека заедно сме посилни, рече началникот на Генералштабот на АРМ Сашко Лафчиски.

Македонија повеќепати покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач не само примач, рече адмиралот додавајќи дека со декади нашите војници се дел од операциите на НАТО во Авганистан, Ирак, Косово, БиХ…. Денес не одбележуваме само годишнина туку и што може да се постигне со споделените вредности, способности, одговорноста и посветеноста на сите членки на НАТО. Овој регион и нашиот свет ќе продолжи да се соочува со комплексни предизвици причинети од зголемени тензии и влијанието на оние кои сакаат да ги поткопаат нашите вредности и начинот на живот.

Дел од свеченоста беа и неколку показни вежби и активности на Армијата кои ги следеше цел државен врв. Присутни беа и претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници и претставници на дипломатскиот кор.