Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

МВР: 597 сообраќајни прекршоци извршени вчера на патиштата, 200 за непрописно паркирање

Континуирано со секојдневните превентивни активности од страна на полициските службеници од сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Континуирано со секојдневните превентивни активности од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи со цел граѓаните да се потсетат и предупредат за важноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, МВР продолжува со интензивните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава.

Вчера (27.03.2025), во рамки на тие активностите на полициските службеници на ниво на целата држава, беа издадени 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање, а во 92 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење, евидентирани беа 47, односно 16 прекршоци. Полициските службеници исто така детектираа 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека пак изречени се и четири мерки за возачи на моторцикли кои неноселе заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Следствено одредбите од Законот за возила вчера беа детектирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.

Реклама

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,“ велат од МВР.