Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Путин предложи Украина да ја води привремена влада која би ја завршила војната

Владимир Путин предложи Украина да ја води привремена влада која би организирала…

Сподели:

Владимир Путин предложи Украина да ја води привремена влада која би организирала избори и би потпишала клучни договори за да се заврши војната, објавија руските медиуми. Путин го повтори својот став дека актуелните украински власти не се легитимен преговарачки партнер затоа што мандатот на претседателот Володимир Зеленски е истечен во мај 2024. „Ова би било со цел да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот и потоа да започне разговори за мировен договор“, кажа Путин. Тој додаде дека напорите на Трамп да продолжи со директни разговори со Русија, за разлика од неговиот претходник Џо Бајден, кој избегнуваше контакти, покажаа дека новиот претседател на САД сака мир. Коментирајќи го предлогот на Путин, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД кажа дека владеењето во Украина е определено од нејзиниот устав и народот на земјата. Зеленски досега ги отфрлаше сите изјави кои го доведуваа во прашање неговиот легитимитет, велечи дека во Украина со закон е забрането да се одржуваат избори во услови на воена состојба. Тој во последниве денови постојано го обвинуваше Путин дека нема сериозни намери да запре со борбите и дека само купува време.