Реклама
Свет

Разорен земјотрес го погоди Мјанмар

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар. Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри. Силни потреси биле почувствувани стотици километри подалеку во Тајланд и Југоисточна Кина.

Пристигнуваат информации за урнати згради во Мјанмар и Бангкок. Потрагата по преживеани и заглавени под урнатините е во тек. Според податоците од Американскиот геолошки институт, постојат стравувања дека во земјотресот може да има над 1.000 жртви.

Хунтата, која е на власт од 2021 година, прогласи вонредна состојба во најкритично погодените подрачја, но споделувањето дополнителни официјални информации е многу оскудно. Државата ги контролира речиси сите радио станици, телевизии и печатени медиуми, а употребата на интернет е исто така ограничена.

Реклама

Околу 12 минути по првиот земјотрес, областа ја погоди и втор силен последователен потрес со јачина од 6,4.