Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Одбиени 19 жалби од осомничените во пожарот во Кочани, ОЈО поднесе жалба за двајцата градоначалници до апелација

„По донесените 24 решенија за определување мерка притвор, беа поднесени 22 жалби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„По донесените 24 решенија за определување мерка притвор, беа поднесени 22 жалби од осомничените. По жалбите постапуваше Совет од тројца судии (по член 25 став 5 од ЗКП) на Основниот суд во Кочани, кој одлучи за 19 осомничени жалбите да се одбијат и мерката притвор да остане на сила, додека за 3 осомничени мерката притвор беше заменета со куќен притвор. Согласно член 144 и член 146 став 1 т. 3 од ЗКП, беше определена и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна исправа или забрана за издавање на нова,“ појаснуваат денеска од Основниот суд во Кочани.

Против одлуката на Основниот суд во Кочани за замена на притворот со куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници, Основното јавно обвинителство поднесе жалби пред Апелацискиот Суд во Штип, по кои се постапува.

„Против едно од решенијата на Советот од тројца судии (по член 25 став 5 од ЗКП) на Основен Суд во Кочани, со кое беше заменета мерката притвор со куќен притвор, нема поднесена жалба и истото е правосилно,“ велат од Основниот суд во Кочани.

Реклама

Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка од функцијата по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.