Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Ќе се испитува дали има основа за продолжување на притворот на насилникот од Радовиш кој ја малтретираше сопругата на „Тик-Ток“

За лицето од Радовиш, кое беше видено на видео на „Тик-Ток“ додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За лицето од Радовиш, кое беше видено на видео на „Тик-Ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се разгледува дали има основа за негово задржување, откако вчера беше приведено.

Од Обвинителството информираа дека постапката против него е во тек.

„Постапката против лицето е во тек врз основа на поднесената кривична пријава. Меѓу другото, ќе се испита дали во конкретниот случај постои основ за негово задржување. Јавното обвинителство и истражните органи се обврзани да постапуваат единствено врз основа на доказите во предметот“, велат од Јавното Обвинителство.

Реклама

Претходно, МВР објави дека против 35-годишникот е поднесена кривична пријава, но во нивното соопштение не се наведува дали по приведувањето тој бил пуштен на слобода.

Според досега објавените информации, сопругата не сака да го гони, а во разговор со полицијата изјавила дека видеото е старо. Случајот го пријавила нејзината мајка, но сопругата тврди дека таа го прави тоа за да ги раздели, додека мајката од своја страна вели дека е загрижена за својата ќерка.