Реклама
Македонија

Без лиценци ќе останат и фирмите на внукот на Али Ахмети и на семејството на екс-пратеникот Крсто Муковски

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за транспорт го објави целосниот список на фирми кои може да останат без лиценца. Меѓу нив има и такви кои во изминатите години добивале милионски тендери за изградба и проектирање на јавни објекти.
Меѓу оние кои останаа без лиценца е „ТХОР Индустриес“ на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, која добила тендер од Министерството за одбрана за софтверски пакет. Без лиценца за објекти од прва категорија остана и фирмата „Универсал-Балкан“, која работеше на реконструкцијата на Универзалната сала, која се запали. Други објекти на кои работеле се Турскиот театар во Скопје и реконструкцијата на Карил. Одземена е лиценцата и на „Виа инженеринг“ од Вевчани на поранешниот вевчански градоначалник Цветомир Угриноски, роднински поврзан со поранешниот пратеник, Крсто Муковски. Фирмата „Атриум“, на братот на Крсто Муковски, исто така остана без лиценца.