ВМРО-ДПМНЕ во оваа огромна трагедија не гледа политичка битка, туку историски момент за ресетирање на системот, одговорија од партијата. Потенцираат дека за првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност.
Ако СДСМ не го препознаваат тоа, тогаш или не го разбираат времето во кое живееме, или сакаат повторно да го вратат старото време на селективна и заробена правда.
