Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

За две недели се очекува да се вратат половина од пациентите од странство, четворица од нив уште се во критична состојба

Половина од пациентите кои се лекуваат во странство би можеле да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Половина од пациентите кои се лекуваат во странство би можеле да се вратат дома во следните две недели, додека четворица од нив остануваат во критична состојба, информираше портпаролката на Владата, Љатифи Азизи, на прес-конференција. Таа истакна дека денеска, понеделник, 16 пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Портпаролката нагласи дека тим од хирурзи ќе се погрижи пациентите да не мораат да патуваат до болниците и дека дополнително штипската болница има 4 хирурзи за поддршка.

„ Според последните податоци, денеска ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјата и лекувањето ќе го продолжат дома. Очекуваме дека во рок од две недели, половина од пациентите кои се лекуваат во странство ќе се вратат во Македонија, и се преземаат сите потребни мерки за нивно соодветно лекување. Во моментов во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела очекуваме 8 од нив да се вратат и да продолжат со лекувањето дома. Состојбата на некои пациенти и понатаму останува сериозна. Четири од пациентите кои се лекуваат во странство се во критична состојба, но правиме сè за да им обезбедиме потребен третман за подобрување на нивното здравје. Покрај негата, обезбедивме тим од хирурзи за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома, така што тие не мораат да патуваат. Исто така, штипската болница има 4 хирурзи кои ќе бидат во постојана комуникација за да им обезбедат поддршка на пациентите. Здравствените установи се максимално посветени на обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација на сите пациенти. Ќе продолжиме да информираме за состојбата на сите пациенти,“ изјави портпаролката.

Реклама

Таа додаде дека истрагата продолжува со целосна посветеност и во соработка меѓу одговорните институции. Портпаролката Азизи нагласи дека Владата е решена да ја открие вистината за одговорните за трагедијата во Кочани и да се погрижи тие да одговараат за своите постапки.