Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Митева: До сега направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти

Во текот на вчерашниот ден најавив дека денес ќе објавиме пресек од…

Сподели:

Во текот на вчерашниот ден најавив дека денес ќе објавиме пресек од преземените активности на ДПИ заедно со сите надлежни институции, а кои се однеусваат да преземените вонредни контроли. Се обврзавме дека транспарентно ќе ја информираме јавноста за резултатите од институционалниот надзор и за сите конкретните чекори што ги преземаме, па така и продолжуваме, изјави портпаролката на Влада, Марија Митева.

„Последните податоци од контролите јасно ја скенираат состојбата. Денеска ќе ги претставам клучните наоди и, уште поважно, ќе ги наведам следните чекори што нашата влада ги презема за да одговори на идентификуваните предизвици и да обезбеди долгорочни подобрувања.

Информациите се следни:

Реклама

Изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори, а во бројки тоа е изразено вака:

– Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти (кафичи/клубови) по закон за угостителска дејност. (ова се однесува во делот на прекрошна санкција)

– Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат изречени две мерки: решение за забрана на вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценца.

– Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност.

– Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690,00 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај грагоначалник, одобренија за тераси, не истакнат број на ДПИ итн. )

Во однос на идните чекори кои ќе се преземаат сакам да ја информирам јавноста дека во координација со МВР овие денови започнуваат инспекциски надзори во објекти за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови и категоризација на ресторани, како и за другите одредби од Законот за угостителска дејност.

Почитувани,
за жал бројките зборуваат сами за себе, но од друга страна ја потврдуваат потребата од решително и одговорно дејствување. Како влада сме посветени на вистински решенија и целосна транспарентност.

Ќе се погрижиме сите институции да постапат согласно законот, секоја неправилност да се отстранува и санкционира, а јавноста редовно да биде информирана за напредокот. Нашата цел не е само да реагираме туку да создадеме систем кој работи превентивно и им служи на граѓаните“, вели Митева.