Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Македонија ќе користи искуства од Унгарија за третирање на опасниот отпад

Депонија со линдан во ОХИС, со шестовалентен хром во Јегуневце. Ова се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Депонија со линдан во ОХИС, со шестовалентен хром во Јегуневце. Ова се само дел од веќе мапираните жешки еколошки точки во Македонија, а наследени од Југославија.

Земјава е пред долг и скап пат за да се воспостави долгорочно системско решение за опасниот отпад. Ова беше посочено на Балканскиот Форум за истражување на опасен отпад и стратегии за ремедијација на депонии.

Експертите алармираат дека Македонија е мала држава со ограничени капацитети а има  големи количини на опасен отпад па мора да се развие стратегија во континуитет за да има ефект на долг рок.

Реклама

…..Ве очекува долг и скап пат, ако се најде разум во сето тоа и ако се набљудува како долгорочно системско решение ќе се добие резултат, ако се менува со политиката ништо нема да се смени, потребен е континуитет…. рече Проф Илија Брчевски Професор на хемиски факултет во Белград

Во поглед на мапирање на можни опасни подрачја, Македонија е во процес на подготовка на закон за заштита на почви каде ќе биде пропишано како да се истражи која почва е загадена, и заедно со законот за управување на отпад ќе помогне да се регулира третирањето на отпадот и заштитата на здравјето на луѓето. Законот треба да почне да функционира од идната година. Дополнително треба да се изградат нови санитарни депонии

Инаку, конференцијата е во организација на Унгарска агенција за промоција на извоз, како и неколку унгарски и македонски еколошки организации.

Проектот има за цел истражување на индустриски локации со историски депонии со опасен отпад во Западен Балкан , истражување на иновативни решенија за ремедијација , односно расчистување на загадените индустриски локации и истакнување на иновативните решенија за привлекување финансиски ресурси на ЕУ.