Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тошковски: Македонија мора да победи во битката со системската корупција која одзеде 59 млади животи!

Кривични пријави се поднесени против 34 физички и три правни лица за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривични пријави се поднесени против 34 физички и три правни лица за кривични дела: „тешки дела против општата сигурност,“ во врска со предизвикување општа опасност, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„МВР веднаш ги активираше сите капацитети. Од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и извлекување на повредените, регулација на сообраќај, се до логистичка поддршка за нивниот транспорт и лекување, како во земјава така и во странство. Над 250 лица беа брзо и безбедно транспортирани до болниците низ државата, а над 100 лица до граничните премини. Веднаш беа изработени итни патни документи, како за повредените, така и за нивните најблиски кои патуваа со нив. Во исто време, полициските структури останаа посветени на истражните дејствија и расветлување на случајот, дејствувајќи со емпатија, дисциплина и професионалност,“ рече Тошковски.

Тој им се заблагодари на сите институции и здравствените работиници, докторите, болничарите, волонтерите од Црвен крст, луѓето од ЦУК, пожарникарите и обвинителите. Посебно се заблагодари на меѓународните пријатели кои дадоа помош и поддршка за повредените.

Реклама

„На овој ден кога болката уште силно одекнува, но чувството за одговорност обврзува на дејствување, се обраќам до јавноста со една клучна порака: Македонија мора да победи во битката со системската корупција која одзеде 59 млади животи. Кога се случи сето ова, со болка во душата потенциравме дека нема да има компромиси со правдата, ветивме дека ќе има брза ефикасна и праведна истрага. Многумина избрзаа со заклучоци, некои со право се сомневаа, а некои сакаа да ја искористат оваа трагедија и за други цели. Некои се обидуваа да судат и да бидат обвинители, истражители, морален суд иако ги немаа фактите. Јас сум благодарен на сите оние кои искрено и со душа и преку јавни текстови, критики, отворање на дилеми и совети се присутни во јавноста,“ рече тој.

Тошковски рече дека е благодарен на народот во Македонија за трпението кое го покажува, заедништвото и слогата која ја демонстрира во овие судни, траорни и трагични моменти за Македонија.