Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Состанок на тим психолози со пожарникарите во Кочани кои го гаснеа пожарот

Тимот за интервенции во кризи на комората на психолози денеска ќе одржи…

Сподели:

Тимот за интервенции во кризи на комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот и спасување на децата.

Досега, како што информираат од комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката на Кочани.

Тимот за кризни интервенции во соработка со Центарот за ментално здравје при ЦК, од раните утрински часови на 16 март беа присутни на пунктовите пред болниците „8ми Септември“, Ургентен центар, „Св. Наум Охридски – Скопје“ каде што беа присутни голем број на семејства чии деца беа донесени на лекување. Ангажирани беа 12 психолози во три смени, кои даваа прва психолошка помош.

Реклама

На денот на погребот ангажирани биле 15 психолози да присуствуваат на сите закопи во Кочани, околните села, Штип, Струмица, Скопје- ППП на семејствата кои беа дојдени на закопот, а има секојдневна работа со семејствата кои изгубиле деца во катастрофалниот пожар.

Во училиштата и факултетите, исто така, организирана е обука за ППП на 100 психолози. За таа цел, како што информираат од комората на психолози, создаден е протокол за работа во кризни ситуации и потребни формулари.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 Март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.