Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Холандија планира да го зголеми бројот на војници во своите вооружени сили

Холандското Министерство за одбрана планира да регрутира повеќе луѓе за да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Холандското Министерство за одбрана планира да регрутира повеќе луѓе за да ги зголеми своите вооружени сили поради зголемените тензии во светот, објавија денеска холандските медиуми.

Иако првичниот план на холандското Министерство за одбрана беше да го зголеми бројот на воени лица на 100.000, извори на кои се повикува порталот Nos.nl наведуваат дека желбата во Хаг е армијата да брои дури 200.000 припадници.

Според официјалните податоци, во Министерството за одбрана во моментов работат 74.000 професионални војници, цивили и резервисти.

Реклама

Има околу 42 илјади професионални војници, од кои пет илјади жени.

Министерот за одбрана Хајс Тајман, според порталот NL Times, сака да го следи примерот на Шведска.

Во Шведска од 17-годишниците се бара да пополнат прашалник за нивните вештини, мотивација и афинитети кога станува збор за вооружените сили, по што шведската војска контактира со некои од нив, а учеството е доброволно.

Во Холандија, воената служба сè уште е формално задолжителна, иако ниту еден млад човек не е повикан да служи од 1997 година.

Министерот Тајман рече дека се уште не размислува за воен рок, но дека не ја исклучува можноста за воведување, како што вели, „невообичаени“ мерки.

„Доколку ситуацијата во светот се влоши, би можеле да размислиме, но сè уште не“, рече Тајман.

(МИА)