Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ССНМ: Засилените закани кон новинарите на социјалните мрежи мора да запрат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на општ траор во земјава поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 59 наши млади сограѓани ги загубија животите, се интензивирани заканите кон новинарите и медиумите на социјалните мрежи. Тие веднаш и непосредно ја загрозуваат нивната безбедност и може да поттикнат насилство со несогледливи последици.

Пораки со заканувачка содржина се испратени до неколку медиуми и поединци, и во нив нема ништо наивно. Кон новинарот на Канал 5 ТВ Александар Видиновски неидентификуван корисник на социјалните мрежи порачува „да внимава што зборува зошто можел да плови по длабоки води и да се задави“, а во коментар кој се однесува на Алфа ТВ стои „Како бе место децата во шталата не се запали ќумезот во Визбегово“.

Новинарите и медиумските работници во земјава, како и сите граѓани на Македонија, деновиве, се под силен стрес особено што во обидот да информираат точно, навремено, најсоодветно и со почитување на етичките кодекси на новинарството, тие се наоѓаат и во ситуација со ваква форма на закани да им биде отежната обврската.

Реклама

Во исто време ССНМ предупредува, а случаите и ќе ги пријави до МВР и до ОЈО, дека испраќачите на овие пораки и коментари прават кривично дело, и констатира дека новинарите и снимателите не може и не смее да работат под притисок бидејќи амбиентот на линч ќе влијае на квалитетот на информирање, а во продолжение и на демократските процеси во земјава.