Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Сиљановска-Давкова имаше средба со припаднички на Армијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со припаднички на Армијата, жени кои со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со припаднички на Армијата, жени кои со својата професионалност, посветеност и истрајност не само што ги рушат стереотипите, туку и внесуваат нова димензија во вооружените сили.

На средбата присуствуваа полковник Елизабета Наумовска-Петрески, потполковник Александра Доневска, мајор Анета Куртелова и поручник Бојана Филиповска, кои зборуваа за својот професионален пат, статусот на жените во Армијата, како и за потребата од поголема застапеност на жените во формациските структури.

Во духот на Меѓународниот ден на жената, тие се вклучија во искрен и конструктивен разговор, споделувајќи приказни од своите кариери, исполнети со предизвици и предрасуди. Тие ја информираа претседателката дека, и покрај напредокот, жените во Армијата сè уште не се доволно застапени на клучни раководни позиции и често се соочуваат со ограничени можности за едукација.

Реклама

Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека во сите тела што ги формирала применува принципот на паритетна застапеност, не од матријархални побуди, туку заради уверувањето дека жените носат вредности како знаење, смиреност и мудрост кои не треба да бидат запоставени.

„Треба да ги еманципираме мажите за да ги прифатат жените како рамноправни, бидејќи досега светот беше машки и го видовме резултатот. Верувам дека промените се нераскинливо поврзани со женската одлучувачка улога, која уме да ги преусмери општествените текови и да остави женски печат!“ – изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова истакна дека е нелогично по 80 години од формирањето на Обединетите Нации да нема жена генерална секретарка, како и тоа што е нелогично досега да нема жена генерал во Македонската Армија. Таа го охрабри началникот на Генералштабот да пронајде креативно решение за тоа да се постави жена на позиција генерал.

Во моментов, жените сочинуваат 11.87% од составот на Армијата, што е блиску до просекот на НАТО, но далеку од долгорочната цел од 30% застапеност.

Присутните се согласија дека силата на Армијата лежи во единството и синергијата помеѓу мажите и жените, а родовата рамноправност дополнително ќе го зајакне угледот на Армијата.