Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ЗНМ и Независното здружение на новинари на Србија го осудуваат грубото кршење на новинарските стандарди при известувањето од погребите во Кочани

Здружението на новинари на Македонија испрати апел и реагираше на непочитувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на новинари на Македонија испрати апел и реагираше на непочитувањето на новинарските и етички стандарди од страна на дел од домашните и медиумите од регионот кои известуваа од погребите на жртвите во Кочани.

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб треба да биде во согласност со утврдениот протокол и основните принципи на професионалната етика. Објавувањето фотографии и видеа од гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти е директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме медиумските работници и редакции кои отстапуваат од протоколот да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини кои можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичкото новинарство. Новинарството треба да биде во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство, велат од ЗНМ.

Кон овој апел се приклучи и Независното здружение на новинари на Србија (НУНС).

Реклама

-Порталот Република.рс грубо ги крши сите новинарски стандарди при известувањето од погребите во Кочани. ЗНМ ги повикува медиумските работници и уредниците да не отстапуваат од утврдениот протокол, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини кои можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичкото новинарство, се наведува во објавата на НУНС.