Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Сведоштво на мајка на спасено дете: Јован (19) спасил 21 дете, бил светлината на надеж – „Ти ја должам новата насмевка и новото утро“

Јадранка Бреслиева, мајка на син кој беше спасен од пожарот во дискотеката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јадранка Бреслиева, мајка на син кој беше спасен од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку социјалните мрежи му изрази огромна благодарност и почит на младиот Јован.

Јован Костадинов (19) од Виница не само што го спасил нејзиниот син, туку и 21 друго дете.

„Со голема благодарност и емотивна почит, сакам да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 дете во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син, кој беше под рушевините на дискотеката, и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, сè до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу беа зафатени со спасување на својот живот.“

Реклама

„Јован е вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кое го ризикуваше својот живот за да спаси туѓи. Ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да ја искажат мојата благодарност и почит.

Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца“, напиша Јадранка.