Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата со оправдување „не знаевме” е неприфатливо

АЦВ за снимањето со дронови на собирите: Прекршувањето на правилата со оправдување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АЦВ за снимањето со дронови на собирите: Прекршувањето на правилата со оправдување „не знаевме” е неприфатливо

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска излезе со соопштение во кое ја истакнува неприфатливоста на прекршувањето на правилата со оправдување „не знаевме”, во врска со вчерашните настани, кога новинарски екипи биле повикани на разговор во полиција поради снимање со дронови без соодветна дозвола на собирите во Скопје.

Во соопштението, АЦВ напоменува дека лицата кои управувале со дронови при овие настани морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат сертификат за регистриран оператор издаден од АЦВ. Истите, како што се нагласува, не смееле да ја надлетуваат групата на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено да се надлетуваат собири на луѓе.

Реклама

Агенцијата потсетува дека креирањето на забранета зона за летање со воздухоплови без екипаж се објавува веднаш по креирањето на мапата за резервиран воздушен простор, која е достапна 24/7 на веб-страниците www.drone.gov.mk и www.caa.gov.mk. Притоа, секој оператор на дрон пред да започне со летот, е должен да го најави летот и да се запознае со состојбата во воздушниот простор.

АЦВ исто така нагласува дека Правилникот за воздухоплови без екипаж, кој ја имплементира европската регулатива, стапува на сила на 1 јуни 2024 година, но со одложена примена до 1 јануари 2025 година. Во текот на 2024 година, АЦВ презеде активности за информирање на јавноста, вклучувајќи медиуми и корисници на дронови, за новата регулатива.

Во соопштението, АЦВ потсетува дека забраната за директно надлетување на луѓе со дронови е на сила од 2015 година и е предвидена со „Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонски воздушен простор”. Со новиот правилник, оваа забрана продолжува да важи, а операторите кои управуваат со дронови мораат да бидат упатени и сертифицирани за тоа.

АЦВ исто така апелира дека операторите на дронови можат да летаат во близина на луѓе само доколку поседуваат соодветно оперативно одобрение издадено од АЦВ, а секоја зона за летање со дронови се објавува и ја следи на мапата за воздушен простор.