
Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е поради нивната улога во помагањето за издавање активна лиценца на дискотеката „Пулс“, која не ги исполнила основните законски услови.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција објасни детали за настаните кои довеле до трагедијата во Кочани.
Меѓу осомничените се наоѓаат главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор, кои, по нивни наводи, ја констатирале исполнетоста на законските услови на дискотеката „Пулс“ во делот на заштита на јавниот ред и мир.

Третиот и четвртиот осомничен, како началници на Одделението за полиција во СВР Штип и началник на СВР Штип, одобриле и потпишале извештај до Министерството за економија, во кој потврдиле дека клубот ги исполнува законските услови, иако не спровеле целосна проверка пред да ја одобрени позитивната согласност за издавање лиценца.
Во моментот, осомничените се пренесени пред надлежен судија како дел од претходната постапка. До сега, притворени се 18 лица.
„Ова се лицата кои што потпишале, овозможиле и придонеле за трагичниот настан со изготвување на незаконски документи“, изјави Тошковски.
Тој додаде дека дејствијата на овие лица биле поврзани со издавањето на лиценцата за 2023 година.
Министерот исто така информираше дека досега се утврдени вкупно 26 лица поврзани со трагедијата во „Пулс“, но истакна дека истрага продолжува и дека не се затвора списокот на осомничени.
