Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

„Цивил“ и Џабир Дерала прават злоупотреба на трагедијата

„Цивил” со неосновани и тенденциозни напади до ТВ Алфа.   Во нашите објави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Цивил” со неосновани и тенденциозни напади до ТВ Алфа.  

Во нашите објави никаде не беше спомнато дека тие се организатори на протестот во Скопје како што се манипулира во нивната објава на социјалните мрежи, ниту пак имало говор на омраза или поттик за истото.

Додека Македонија тагува, а семејствата на жртвите сè уште не ги испратиле своите најблиски на вечен покој, т.н. Цивил и Џабир Дерала го покажуваат најдолниот облик на злоупотреба – користење на човечката трагедија за лични пресметки и политички манипулации.  

Реклама

Се поставува прашањето во кое својство Џабир Дерала е повикан да реагира и кому му даде право да се јавува како судија за македонското новинарство?  

Ова е потврда дека токму најдолните особини на човечката природа се вкрстуваат во Џабир Дерала и луѓето од т.н. Цивил. Тие не само што се кријат зад „граѓаните“, туку и класично ја злоупотребуваат трагедијата, покажувајќи крајно неморално однесување.  

Сè додека Џабир некој напаѓа – добро е. Заштитникот на ДУИ и човекот кој не кажа ниту еден збор против нив цели седум години, додека истовремено ги охрабруваше „шарените“ кон анархично однесување, сега се јавува како морален арбитер.  

Постоењето на такви како него има и една позитивна улога – тие се јасен показател до каде може да оди злоупотребата на трагедиите и кои се крајните граници на некои негативни елементи на човековата природа.  

Ова не е време за препукувања, туку за сплотеност и почит кон жртвите. Но, токму тие што најмногу зборуваат за етика и морал покажаа дека за нив нема ништо свето кога се во прашање личните и политичките интереси.

Редакција Алфа