Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Уапсен потписникот на проектот кој потврдил дека кочанската дискотека „Пулс“ ги исполнува сите услови за да добие лиценца

Уапсено е лицето кое потпишало проектот дека дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде…

Сподели:

Уапсено е лицето кое потпишало проектот дека дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што во пожарот на 16 март загинаа 59 лица, ги исполнува сите услови за да добие лиценца за работа. Лицето се терети за тешки дела против општата сигурност, односно предизвикување општа опасност, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Последното уапсено лице е потписник на основен проект за издавање лиценца за кабаре, односно е одговорно за изготвување документи кои се користени во постапката за поставување на објектот во функција како кабаре. Беа изготвени паушални документи без претходно утврдување на фактичка состојба, а во документацијата потпишана од уапсеното лице стои дека објектот ги исполнува сите законски услови, што не е точно“, истакна Тошковски на денешната прес-конференција.

Министерот додаде дека дискотека не смее да функционира во зона на домување, но дека процесите за добивање лиценца биле олеснети и во голема мера оставени на совест на газдите.

Реклама

„Во моментов, одредени се 48-часовни притвори за 14 лица, од кои 11 се осомничени за сторување на тешки дела против општата сигурност, а три за несовесно работење“, изјави Тошковски.

Дискотеката „Пулс“ работела без лиценца, немала излезни врати за евакуација, без противпожарни апарати, била обложена со лесно запаливи материјали и имала само еден влез и прозор со решетки. За концертот на групата ДНК биле продадени 250 билети, но во објектот имало околу 500 луѓе. Пожарот го предизвикале пиротехнички прскалки кои го запалиле таванот, по што огнот брзо се проширил и довел до урнат покрив.

Во притвор се и ексминистерот за економија Крешник Бектеши, службеници од Министерството, ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, вработени од истиот инспекторат, сопственикот и организаторот на концертот на ДНК, членови на обезбедувањето и други. Актуелните функционери не се уапсени, а градоначалникот Љупчо Папазов по давање изјава пред обвинител, се врати дома.

Министерот за внатрешни работи изјави дека денеска се разрешени началниците од Штип и Кочани за да се обезбеди независна истрага, а на нивно место ќе бидат поставени началници од Скопје. Тој нагласи дека разрешувањето не се врши поради вина, туку за да се избегнат влијанија на процесот.

„Разрешувањето не значи дека ќе се преземат мерки, ако се појават нови докази. Одделот за внатрешна контрола на МВР продолжува со темелна истрага“, додаде Тошковски.

Сите 59 загинати во пожарот се идентификувани, а 196 лица се повредени, од кои 20 се деца. 80 лица се транспортирани за лекување во странство.

Резервоарот за нафта под дискотеката бил празен и не бил во контакт со објектот, а сопственичката структура не била поврзана со настанот.

Погребот на загинатите ќе се одржи на 20 март.