Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Трагедијата во Кочани поттикна вонредни контроли во регионот

Трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 150 беа повредени,…

Сподели:

Трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 150 беа повредени, поради непочитување на прописи и стандарди согласно Законот за угостителски објекти, покрена безбедносни контроли, но и загриженост кај јавноста во неколку земји од регионот.

Во Бугарија, противпожарната служба започна дополнителни контроли на близу 260 локации, најголемиот дел од нив дискотеки, со цел да се провери дали стандардите за евакуација и заштита од пожар се исполнети, како и да се осигура дека нема запаливи предмети на излезите за евакуација.

„Овие инспекции ги спроведуваме редовно, секоја година. Сега планираме тематски инспекции, со цел повторно да ги провериме овие локации“, изјави Александер Џартов, главниот комесар за противпожарна заштита на Бугарија за Бугарското национално радио.

Реклама

Во меѓувреме, хрватските експерти ги смируваат граѓаните во Хрватска, уверувајќи ги дека шансите за несреќа слична на онаа во Македонија се минимални благодарение на честите контроли. Според нив, минатата година биле спроведени 3.184 надзори на противпожарната безбедност.

Првиот човек на противпожарната служба на Загреб, Синиша Јембрих, во изјава за хрватски РТЛ предупреди дека мора да се внимава на употребата на пиротехнички средства во затворени простории. Тој нагласи дека дозволите за пиротехнички средства ги издава полицијата, која ги разгледува сите случаи поединечно.

„Без разлика на тоа, сакам да ги предупредам луѓето, особено сопствениците на овие објекти, да се воздржат од употреба на пиротехнички средства“, изјави Јембрих.

Инспекции на ноќните клубови се најавени и во Република Српска. Според најавите од МВР на Република Српска, ќе се организираат насочени контроли за спроведување на мерките за противпожарна заштита и употребата на пиротехнички средства, со акцент на ноќните клубови и дискотеките.

Трагедијата во Кочани, исто така, го покрена прашањето за степенот на корупцијата која доведува до вакви несреќи. Германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ ја анализира состојбата во македонското правосудство, од кое се очекува да донесе правда за настраданите и нивните семејства.

„Македонија има лоши искуства со политички пристрасно судство кое работи во интерес на владејачката партија. На пример, шефицата на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство, која беше многу фалена пред неколку години, подоцна и самата стана предмет на истраги за корупција. Во анкетите само мал процент од испитаниците изразуваат доверба во македонското судство“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ исто така ја покрена темата, истакнувајќи дека вакви несреќи не се невообичаени во Југоисточна Европа. Според весникот, трагедијата во Кочани потсетува на пожарот во ноќниот клуб во Букурешт во 2015 година, во кој загинаа 64 лица. Сите овие случаи, како што пишува весникот, се предизвикани од човечка грешка, непочитување на безбедносните прописи и соучесништво на корумпирани владини регулатори.