
Знаменјата на половина копје. Седум дена жалост во Македонија. Институциите ги откажаа сите настани и планирани активности. Уставниот суд денеска одлучи да ја одложи подготовителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 20 март.
Судот ја зема предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата која ја преживува општеството, граѓаните и државата. Датумот за одржување на подготовителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден, информираат од Уставниот Суд.
Македонското Собрание ги откажува сите активности планирани за неделава. На координацијата, претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само ако има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.
