Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тажни зборови по смртта на Андреј од ДНК

Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите членови на групата ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу загинатите е и фронтменот на групата Андреј Ѓоргиевски.

– Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно, напиша Тамара Тодевска.

Антониа Гиговска, која пееше придружни вокали во една од песните на ДНК напиша: „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир, добро човече. Пеј како што си знаеше ти – најгласно, најубаво. Таму горе. Не сакам да верувам…“

Реклама

– Куме мој. Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест. Кога ми ја пушти песната „Ако утре ме нема“ ти реков дека многу ми се „свиѓа“ без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина. Те нема веќе куме ама само физички… во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш, напиша Лила Филиповска.

Пејачот Огнен Здравковски изразувајќи сочувство до семејствата напиша: Почивајте во мир драги мои другари, пријатели, колеги… Ќе се сретнеме, ќе се дружиме и ќе пееме и свириме пак заедно, таму горе на поубаво место.. Почивајте во мир, ќе фалите најмногу.. Сочувство до семејствата!

Весна Петрушевска во објава на социјалните мрежи напиша: Приказната за љубовта се состoи од здраво и збогум, се додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели и на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време. Сара, Андреј, Џоко и Филип

Во трагичната несреќа во Кочани животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, вонредниот проф. м-р Сара Пројковска, придружен вокал,  како и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев.

(МИА)