Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Тројцата повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево пристигнаа во Солун и се хоспитализирани во болницата Папаниколау, потврдија за дописничката на МИА од Атина извори од болницата.

Според истите информации, станува збор за лица на млада возраст, кои се приклучени на апарати.

Информацијата дека тројцата повредени пристигнаа во болницата во Солун ја потврди и министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, објавувајќи линк од грчки медиуми на платформата Икс.

Реклама

Солунскиот портал „Тестивал“ објави видео и фотографии од пристигнувањето на трите амбулантни возила, кои според грчките медиуми пристигнале околу 17.30 по локално време.

Претходно, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос во разговор со дописничката на МИА од Атина, потврди дека тројца повредени ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, која располага со одделение за изгореници со четири кревети, а денеска биле испразнети три за да бидат хоспитализирани повредените.