Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Брат ми има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, вели сестрата на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ по пожарот во Кочани

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотелата „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК неговата сетра Јадранка Николовска.

„Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе“, ни рече Николовска низ солзи.

Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според првичните информации, како што кажа Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.