Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Следната недела ќе згаснат сите онлајн нелегални коцкарници

Од наредната недела ќе се стави ред во виртуелниот хаос  кој финансиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од наредната недела ќе се стави ред во виртуелниот хаос  кој финансиски и психолошки ги проголтува младите.  Ќе згаснат сите он лајн нелегални коцкарници кадешто граѓаните губат илјадници евра играјќи игри на среќа. Стартуват измените во Законот за електронски комуникации, со кој се предвидува блокирање на сите портали, кои функционираат на диво, најави денеска министерот за информатичко општество, Стефан Андоновски. Државната лотарија на секој две до три недели до ресорното министерство ќе испраќа табели со веб страници коишто ќе треба да бидат забранети.

„Ние таа ја ажурираме, ја испраќаме како налог за забрана до АЕК ,којашто ќе ја забрани преку телеком операторите,што значи дека од испраќањето имаат рок од 3-5 дена да постапат АЕК и телекомите и тие веб страници ќе бидат забранети. Оваа трка ќе биде постојана, нема еднаш да го правиме тоа. Мислам дека на почеток темпото ќе биде од 2-3недели на почеток, што значи дека Државна лотарија на секој 2-3недели ќе треба да не известува за нови страници доколку се појавиле, а ние со налог ќе ги забрануваме„ изјави министерот за информатичко општество, Стефан Андоновски.

Освен регулирање на пазарот, ќе се обезбеди и поголема заштита на граѓаните кои коцкајќи се на дивите платформи стануваат лесна мета за кражба на податоци и празнење на банкарски сметки.

Реклама

„Да ги одвратиме граѓаните, да не бидат учесници во нелегално приредување на он лајн ингри на среќа. На тој начин и ќе ги заштитиме граѓаните од злоупотреба на нивните лични податоци, картички, сметки во банките, но и ќе го заштитиме буџетот од излевање на средства коишто би требало да се слеат како даночна обврска„ изјави министерот за информатичко општество, Стефан Андоновски.

Според првичните анализи во Македонија, има над 160 нелегални интернет платформи кои веднаш ќе бидат блокирани откако ќе се имплементират новите законски измени. Се претпоставува дека граѓаните на онлајн коцкање потрошиле над 210 милиони евра.

Александра Ристевска