Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Орбан побара итен прием на Македонија, Србија и Црна Гора во ЕУ

Во меѓувреме унгарскиот премиер побара итен прием на земјите од Западен Балкан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во меѓувреме унгарскиот премиер побара итен прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Орбан повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во Унијата бидејќи, според неговите зборови, тоа ќе ја уништи унгарската економија. Наместо да ја прима Украина, унгарскиот премиер се залага Унијата да овозможи побрз пристап за земјите од Западен Балкан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската Унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување на Украина кон Унијата, пренесе „ЈУРОЊУЗ“.

„Србија би можела да биде примена во Европската Унија уште утри и тоа нема никому да наштети. Напротив, ќе донесе големи економски придобивки за целата Европска Унија, а особено за Унгарија, бидејќи ние сме ѝ соседна земја. Македонија и Црна Гора исто така треба да бидат примени, уште утре. Ова ќе донесе исклучителни економски придобивки за Унгарија“, изјави Орбан.

Реклама

Според него, земјите од Западен Балкан не можат да се споредат со „уништената Украина, која само зема пари, а не носи ништо“ во однос на нивниот степен на развој, системот на функционирање на државата и перспективите.