Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

„Витаминка“ покровител на едукативна детска претстава за развивање на емпатијата и другарството од предшколска возраст

Емпатијата, другарството, взаемното помагање, но и почитувањето на различностите се чувствени вредности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Емпатијата, другарството, взаемното помагање, но и почитувањето на различностите се чувствени вредности на кои со децата треба да се работи од најмала возраст. И дома, а и во образовно-воспитните установи. Континуираната едукација на начин прилагоден и интересен за нивната возраст е првиот чекор кон создавањето на идни здрави личности, сметаат надлежните од прилепската ЈОУ Детски градинки “Наша иднина“.

„Во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден не’ посетува Караванот од „Витаминка“ и им овозможува на децата да уживаат во една прекрасна музичко-драмска и интерактивна претстава чија цел е да се поттикнат кај децата емпатијата, важноста на другарството, значи почитување на меѓусебни различности и да се поттикне социо-емоционалниот развој на најраната возраст“ – вели Даниела Тренкоска, раководител на ДГ „Бончејца“, Прилеп.

Од Компанијата „Витаминка“ пак, велат дека тие, како општествено-одговорна компанија секогаш во својот фокус го имаат здравиот развој на најмладите, заради што и пред пет месеци одлучиле да реализраат еден ваков проект, заедно со Продукцијата „Триангл“.

Реклама

„Со гордост можеме да кажеме дека преку Караванот на „Витаминка“, насловен „Роденденско другарување“, допревме до срцата на над 22.000 деца или 115 градинки ширум нашата република, носејќи им вредни лекции за другарството, емпатијата и почитта. Нашата мисија беше да ја поттикнеме свеста за важноста на општествените вредности на забавен и интерактивен начин“, – кажа Симона Симоновска, шеф на маркетинг во „Витаминка“, Прилеп.

„На мое големо задоволство, нашата Продукција „Тринагл“ со професионални изведувачи и со музика во живо, допревме до целата група во предучилишните установи и можам да заклучам дека е уникатен проект кој што заслужува големо внимание и е поттик за да се продолжи понатаму со вакви типови на кампања“, – посочи Десанка Григоријевиќ, режисер и сценарист.

Од „Витаминка“ велат дека после денешната завршница на овој проект, тие веќе работат и на нови вакви проекти.

Каролина Дурло