Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

7 жртви и 580 сообраќајни несреќи во последните две години на автопатот Кичево-Охрид

Седум жртви и 580 собраќајки се случиле во изминатите две години на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум жртви и 580 собраќајки се случиле во изминатите две години на подрачјето на Охрид,дел од нив на автопатот Кичево-Охрид кој поради големиот број незгоди, јавноста го нарекува автопат на трагедии. На 57-те километри од автопатската делница која требаше да биде готова во 2018-та, сега се работи интензивно,а полицијата ги засилува контролите.

 Полициските службеници интензивно треба да бидат на сите оние патни правци каде што се регистрирани најголем број на собраќајни незгоди, тука пред се мислам на автопатот во изградба Охрид-Кичево.Согледувајќи ја оваа ситуација од почетокот на годинава аполициските службеници на овој патен потег но и на другите фреквенти сообраќајници ги интензивираа сообраќајните контроли”-вели Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид

Се прават напори автопатот да биде готов што е можно најбрзо,за да не се зголеми и цената за целосна изградба на делницата.Факт е дека наследивме искучително лош проект,истакна министерот за транспорт и врски Николоски откривајќи со што се’ се соочиле.

Реклама

Првата работа со која што лани се соочивме дека година и нешто не се асфалиташе воопшто,ги променивме законот, сите гледате дека се работи.Втората работа како е пректирано е проектирано, постојниот проект поминува низ градби од А категорија, поминува во заштитено подрачје на аеродромот, поминува преку бензиски пумпи, поминува преку болници и преку хотели, тоа се објекти кои не можете да ги експропиирате.Експропријација се прави до куќи и за тоа најдовме решение –вели  Александар Николоски-министер за транспорт и врски

Проблемот со 11-те свлечиштата ќе се решава со помош на странски експерти.

 Јас поканив експерти од странство и не ми срам да го кажам тоа, затоа што да знаеле домашните да ја завршат работата, ќе ја завршеле-вели Николоски

Четириесет километри од автопатот Кичево-Охрид кој се гради цели 11 години,ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летната сезона,а до крајот на идната година ќе биде целосно функционален од  автопат од 57 километри.

Росица Голабоска