Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Кремљ: Ќе се организира средба Трамп-Путин

Можна средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател, Владимир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можна средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател, Владимир Путин, откако информациите ќе пристигнат до Трамп од специјалниот пратеник, Стив Виткоф, по синоќешната средба во Москва, меѓу двете страни. За време на средбата, на рускиот претседател му биле доставени дополнителни информации од американска страна, ова го потврди портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Тој беше овде вчера, доцна синоќа беше примен од претседателот. На руската страна ѝ беа доставени дополнителни информации, а Путин му пренесе информации и дополнителни сигнали на претседателот Трамп“ вели Димитриј Песков, портпарол на Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да прифати примирје, но прво сака разговор со претседателот на САД.

Реклама

„Согласни сме со предлогот за прекин на огнот. Но, ние се водиме од фактот дека овој прекин треба да води кон долгорочен мир и да ги елиминира првичните причина за оваа криза“ вели Владимир Путин, претседател на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп, на напиша дека имал добар и продуктивен телефонски разговор меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

„Вчера имацме многу добар и продуктивен разговор со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши“ напиша Доналд Трамп, претседател на САД

Трамп не го изостави и поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, велејќи дека тој и неговата тогашна администрација сите ги внел во вистински хаос со Русија. Но, Трамп потенцираше дека сите ќе ги извлече.

Давид Крстевски