Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Скандалот продолжува: Тренерот призна дека мамеле на СП и веднаш беше отпуштен

Спортскиот свет беше изненаден кога се дозна дека норвешкиот тим во скијачки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортскиот свет беше изненаден кога се дозна дека норвешкиот тим во скијачки скокови извршил измама на неодамна завршеното Светско првенство во Трондхајм.

Во конкуренцијата на големата скокалница, Мариус Линвдик и Јохан Андре Форфанг беа дисквалификувани поради неправилности со нивните комбинезони. Ова предизвика сомнежи и кај остатокот од норвешкиот тим, а тренерот Магнус Бервиг призна дека извршиле измама, што шокираше многумина.

„Тоа беше погрешно од наша страна, признавам дека направивме измама во подготовката на комбинезонот за скок“, изјави Бервиг.

Реклама

По ова признание, Норвешка веднаш ги дисквалификува Бервиг и неговиот помошник Андреас Ливелтен, кои сега се соочуваат со голема парична казна.

Норвешката репрезентација до крајот на сезоната ќе биде предводена од словенечкиот селектор Бине Норчиќ, кој претходно работел со овој тим во скијачки скокови, и така ќе го преземе „жешкиот компир“ во свои раце.

Меѓународната федерација за скијање (ФИС) веднаш започна целосна истрага, а другите норвешки натпреварувачи од Светското првенство исто така ќе бидат предмет на анализа и можеби ќе се соочат со закана за одземање на медалите.