Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Русија се согласува на прекин на огнот, но прво треба да разговарам со Трамп, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се согласува со предлогот за 30-дневно примирје со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рускиот претседател Владимир Путин се согласува со предлогот за 30-дневно примирје со Украина, нагласувајќи дека мора да се отстрани коренот на кризата.

„Го прифаќаме предлогот за примирје за да прекинат непријателствата, но ние тргнуваме од тоа дека овој прекин на огнот треба да доведе до траен мир и треба да ги отстрани основните причини за оваа криза“ вели Владимир Путин, претседател на Русија

Во меѓувреме специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, пристигна во Москава на разговор со претседателот на Русија. Русија е подготвена за разговор со Соединетите Американски Држави за 30-дневниот прекин на огнот со Украина, пред изјавата на Путин, потврди и портпаролката на руското МНР

Реклама

„Подготвени сме да разговараме за иницијативите наведени таму во идните контакти со САД. Можно е овие контакти да се случат денеска“ вели Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи

Привремениот договор меѓу САД и Украина за 30-дневниот прекин на војната, Јуриј Ушаков кој му е помошник на Путин за меѓународни прашања, го оцени како „одмор за украинската војска“.

„Нашата цел е долгорочно мирно решение и на тоа работиме. Сакаме решение кое ќе ги земе предвид веќе познатите легитимни интереси на нашата земја“ вели Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за меѓународни прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Русија да се согласи на 30-дневниот прекин на огнот во Украина, со закана кон Москва дека ќе воведе дополнителни санкции доколку го отфрли предлогот.

„Русија нема друг избор освен да го прекине огнот. Доколку е потребно, ќе ги санкционираме, но се надевам дека нема да мораме.Во финансиска смисла, можеме да направиме многу непријатни, многу лоши работи, катастрофални за Русија, но јас не го сакам тоа“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Инаку, Украина и Русија во вторникот се најдоа на преговарачка маса во Џеда, Саудиска Арабија и изнајдоа делумно решение за 30-дневен прекин на огнот во државата за кој Украина се согласи и го прифати.

Давид Крстевски