Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Димитриеска-Кочоска на министерски состанок на посета во Подгорица

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на министерскиот состанок, кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на министерскиот состанок, кој ќе се одржи денеска и утре, во организација на Светската здравствена организација, а посветен на елиминирањето на штетните влијанија од употребата на тутун.

На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии од земјите на регионот, како и претставници на Светската здравствена организација, Европската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници од академската заедница.

Целта на состанокот е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, како и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем и потенцијалот на земјите во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.