Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Ако промена на Уставот не се смета за мешање во внатрешните работи на независна држава, не знам што е

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Христијан Мицкоски изрази жалење што новиот министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Христијан Мицкоски изрази жалење што новиот министер за надворешни работи на Бугарија, како што рече, заборава дека добрососедските политики се темелна вредност на европските вредности, без разлика дали некој е или не е дел од Европската Унија.

„Ако промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава, тогаш навистина не знам што е“, изјави премиерот, коментирајќи ја реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија, кое оцени дека е зачудувачки што преземените обврски од страна на земјава се доживеани како мешање во внатрешните работи од страна на македонскиот премиер.

Мицкоски додаде дека новиот министер за надворешни работи на Бугарија заборава дека добрососедските политики се темелна вредност на европските вредности, без разлика на тоа дали некој е дел од Европската Унија.

Реклама

„Би се повикал и на меѓународното право, на Конвенцијата за заштита на правата на заедниците и тука не можам, а да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, која се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права, да го реализира своето право. Тука треба ние сите како граѓани да ја поддржиме македонската заедница во Бугарија, која, за жал, во 21-от век, во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го оствари. Тоа нема никаква врска со внатрешните работи, туку исклучиво со резолуцијата за заштита на човековите права, чиј ратификатор е и нашиот источен сосед, како и нашиот партнер во НАТО“, изјави Мицкоски.

За изјавата на бугарското МНР, Мицкоски истакна дека тој демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд.

Прашан за коментар на изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, кој рече дека постои интензивна дипломатска активност за решавање на спорот со Бугарија и дека се надева дека за два-три месеца ќе може да се откочи процесот на патот кон ЕУ, премиерот истакна дека можното деблокирање може да се случи и задутре, но тоа не зависи од нас, туку од некои други фактори.

„Ние не сме како некои поранешни политичари кои тоа го гледаат како егзибиционизам, кариеризам и нешто што е спротивно на интересите и заштитата на националните интереси на граѓаните. Така што, македонските граѓани и државата во целина очекуваат вистински пат кон ЕУ, нешто што го очекуваат веќе 20 години, и кое ќе се темели на Копенхагенските критериуми и систем базиран на заслуги, а не на билатерализација и решавање на билатерални спорови“, изјави премиерот Мицкоски.