Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Уставниот суд: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста

По медиумскиот интерес за ставот на Уставниот суд во врска со интерпелациите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По медиумскиот интерес за ставот на Уставниот суд во врска со интерпелациите на уставните судии, Судот информира:

Уставот на Република Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија, ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт.

Уставниот суд, како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на властите. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки, акти и дејствија.

Реклама

Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција.

Уставот не му дозволува на Собранието на Република Македонија, со законски решенија, на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор и престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.

Институтот „интерпелација”, предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот, бидејќи на тој начин се прави упад во четвртата т.н. уставно-судска власт, во самостојноста и независноста на Уставниот суд.

Основите за престанок на функцијата на уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејство преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд.

Уставниот суд укажува на сите државни органи дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние кои Уставот им ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичката култура како основи на едно демократско општество.