Реклама
Македонија

Oперација „Чистач“: Полицијата во офанзива против криминалните групи

Бирото за јавна безбедност, во моментов прави претреси на повеќе локации низ…

Сподели:

Бирото за јавна безбедност, во моментов прави претреси на повеќе локации низ државата. Целта е сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје. Акциите се дел од оперативната акција „Чистач“, која во континуитет се реализира веќе неколку месеци.

Акцијата опфаќа повеќе градови и населени места, а полицијата се фокусира на разбивање на криминални мрежи чиј таргет се млади луѓе и ранливи категории граѓани.

„Ова е јасна порака дека МВР е посветено на искоренување на овие штетни појави во општеството. Уличното дилерство е сериозен проблем кој ги загрозува младите, а нелегалното оружје претставува потенцијална закана за безбедноста на сите граѓани,“ велат полициски извори.

Реклама

Од МВР најавуваат дека овие активности ќе продолжат во наредниот период со зголемен интензитет, а јавноста наскоро ќе биде информирана за резултатите од акциите.