Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Привремен прекин на огнот меѓу Русија и Украина: Состанок на земјите од Г-7 во Канада

Украина го прифати триесетдневниот прекин на огнот – план што синоќа беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина го прифати триесетдневниот прекин на огнот – план што синоќа беше понуден од страна на Американската делегација. По синоќешната средба во Џеда, двете страни по долг разговор на преговарачката маса изнајдоа делумно решение за прекин на руско-украинската војна.

Американскиот државен секретар на САД, Марко Рубио по разговорите изјави дека овој план веднаш ќе и биде пренесен на Русија и изрази надеж дека и Москва ќе го прифати, додавајќи дека топката во овие моменти е кај руската страна.

Од Кремљ велат дека не е исклучена можноста за телефонски разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Реклама

„Ги разгледуваме сите опции, вклучително и можноста за телефонски разговор на највисоко ниво, односно меѓу претседателот Путин и претседателот Трамп, не сакаме да донесуваме предвремени заклучоци, тоа е последното нешто што го сакаме“ вели Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ

Шефот на кабинетот на украиснкиот претседател Володомир Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека САД сега ќе разговараат со Русија за предлозите формулирани за време на средбата со украиснките делегации.

„По оваа средба, руската страна го држи клучот. Целиот свет ќе види кој навистина сака мир и кој само зборува за тоа“ вели Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски

„Ако Русија каже не, многу ќе ни стане појасно. Нема воено решение за овој конфликт. На Украина и треба доволно одвраќање од идни напади“ вели Марко Рубио, државен секретар на САД

По успешниот дијалог во Саудиска Арабија, САД одлучи да го обнови споделувањето на безбедносната помош за Украина.

Давид Крстевски