Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

МВР: Изречени 827 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден (11.03.) полициските службеници изрекоа вкупно 827 платни…

Сподели:

Во текот на вчерашниот ден (11.03.) полициските службеници изрекоа вкупно 827 платни налози во рамките на опфатните сообраќајни контроли низ патиштата во земјата. За прв пат по подолг период, прекршоците од неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење беа помалку изречени, додека беше забележан значителен број прекршоци сторени од пешаци. Вчера беа изречени 209 прекршоци од пешаците.

Според статистиката, за неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина беа изречени 203 и 52 прекршоци, соодветно. Исто така, зголемен број прекршоци беше евидентиран за неносење сигурносен појас (82 прекршоци), а 13 учесници во сообраќајот беа казнети за неносење заштитен шлем. Дополнително, 35 возачи беа казнети заради говорење на мобилен телефон додека возеле.

Во текот на вчерашниот ден, пет возачи поминале на црвено светло, шестмина управувале возила под дејство на алкохол, додека 69 возачи биле санкционирани заради управување возила без возачки дозволи. Поради техничка неисправност, од сообраќај биле исклучени 10 возила, а 16 возила биле исклучени поради неважечка регистрација.