Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

УСАИД масовно уништува докази и документи за претходно сработеното

Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) започна со масовно уништување на доверливи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) започна со масовно уништување на доверливи документи во своето седиште во зградата Роналд Реган во Вашингтон, користејќи машина за уништување хартија и специјални „торби за изгореници“, јавуваат американските медиуми.

Електронската пошта, испратена од вршителот на должноста секретар на УСАИД, Ерика Џ. Кар, содржи упатства за вработените во однос на постапката за уништување документи од сефови кои содржат доверливи податоци и лични информации.

Во вторникот, им било наредено да користат шредери за што повеќе документи во текот на денот, а „торби за изгореници“ со ознака „ТАЈНА“ да се користат само кога шредерите ќе се расипат или прегреат.

Реклама

Прашањето за законитоста на уништувањето на документите

Според тековниот Федерален закон за архиви и записи (FRA), кога федералните агенции се распуштаат или реорганизираат, нивните записи мора да бидат предадени на новите институции или на Националната управа за архиви и записи (NARA). За време на хаотичното повлекување на САД од Авганистан во 2021 година, НАРА предупреди на обврската за правилно уништување на доверливите документи.

Меѓутоа, законот изречно забранува уништување на службените записи пред да истече пропишаниот рок на чување, кој во повеќето случаи е најмалку три години. Постои и загриженост дека оваа практика може трајно да ги отстрани доказите кои се потребни за тековните барања по Законот за слобода на информации (Foia) и за идните истраги на комитетите за надзор.