Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Марта Кос во тридневна посета на Албанија

Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска до петок ќе ја престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска до петок ќе ја престојува во Албанија за да направи преглед на досегашниот тек на преговорите за пристапување на земјата во ЕУ.

Како што соопшти Европската комисија, оваа нејзината прва официјална посета на Албанија по стапувањето на должноста, Кос ќе ја искористи за да разговара со албанските власти за напредокот во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, особено во спроведувањето на основните и реформите во правосудството.

– Посетата ќе биде и можност да се истакне важноста од консолидирање на напредокот преку постигнување нови видливи резултати, во согласност со природата на процесот, кој се заснова на заслуги, се додава во соопштението.

Реклама

Предвидено е за време на престојот во Албанија, Кос да се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, со главната албанска преговарачка со ЕУ, Мајлинда Дука и со претседателката на Собранието Елиса Спиропали.

Кос ќе има средби и членови на Парламентот, вклучително и со опозициски пратеници, како и со претставници на албанските правосудни институции и на граѓански организации. Таа, исто така, ќе има и обраќање пред студенти од Колеџот на Европа и од Универзитетот во Тирана, со кои ќе разговара и за улогата на граѓанското општество и младинскиот ангажман во политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

Во рамки на престојот во Албанија, Кос во Елбасан ќе посети организации кои спроведуваат проекти финансирани од ЕУ и ќе се сретне со жени жртви на родово базирано насилство и со ученици вклучени во Програмата за училишна размена на Западниот Балкан.