Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Ќерката на Моника Белучи влезе во светот на глумата

Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, Дева, се појави на црвениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, Дева, се појави на црвениот тепих на промоцијата на ТВ-серијата „Леопард“ (Il Gattopardo) на „Нетфликс“, со своето момче – 24-годишниот италијански глумец Сол Нани. Серијата е снимена во Италија, а младиот пар во неа глумат заедно. Штом се појавија пред фотоапаратите, тие го украдоа целото внимание.

„Пред две години, минавме шест месеци ‘оживувајќи’ го ‘Леопард’ – не само како приказна, туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, историјата и неверојатните луѓе. Но, среде сѐ тоа, запознав некој кој стана мое сидро на ова патување…“, напиша Дева до фотографиите од неа и Сол на снимањето.

Врската ја потврдија во 2023 година со фотографија од јахта.

Реклама

Дева Касел веќе го освојува и модниот свет. Неодамна прошета на пистата за престижниот бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано. Таа е едно од лицата на модната куќа и веќе има предводено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а во овие 6 години неколкупати ги красеше насловните страници на познати списанија. (МИА)