Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

Почнаа разговорите Киев – Вашингтон во Саудиска Арабија

Делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина ја започнаа средбата во Џеда,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина ја започнаа средбата во Џеда, Саудиска Арабија, соопшти утринава украинското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот тим го претставуваат шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, советникот за национална безбедност на земјата и министрите за надворешни работи и за одбрана. Дел од тимот на САД се државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Пред средбата, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во објава на Телеграм соопшти дека украинската делегација е подготвена за клучните разговори со САД.

Реклама

„Нашиот тим пристигна. Се подготвуваме за работа. Бранејќи ги интересите на Украина и јасната визија за ставање крај на војната, ефективно ќе работиме со нашите американски партнери“ вели Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски

Зеленски пред средбите рече дека се надева на „практичен резултат“ на разговорите, додавајќи дека украинската позиција ќе биде „апсолутно конструктивна“.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак изрази верување дека разговорите ќе резултираат со „голем напредок“. Државениот секретар на САД Марко Рубио, кој е дел од американската делегација, вчера изјави дека на средбата во Саудиска Арабија претставниците на САД ќе очекуваат да слушнат какви отстапки е подготвена да направи Украина бидејќи, како што рече, нема да има прекин на војната ако двете страни не направат отстапки.

„Русите не можат да ја освојат цела Украина, но исто така ќе биде многу тешко за Украина во разумна временска рамка да ги принуди Русите да се повлечат на нивните позиции од 2014 година. Нема да постигнете прекин на огнот и крај на оваа војна, освен ако двете страни не направат отстапки“ Марко Рубио, државен секретар на САД

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, соопшти дека Москва очекува САД да ја информираат за исходот од средбата со украинските претставници.

Давид Крстевски