Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Трендафилов не попушта за минималецот, од ВМРО-ДПМНЕ  го обвинуваат дека го претворил синдикатот во инструмент на СДСМ

ССМ не се откажува од барањето за повисок минималец, 6.000 денари повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ССМ не се откажува од барањето за повисок минималец, 6.000 денари повеќе од она што го предвидува законот со што би достигнал 30.000 денари. Подаваат рака за преговори и велат дека Владата во нив не треба да гледа низ призмата на политиката. Доколку нема договор не ја исклучуваат можноста да излезат на протести.

„ССМ очекуваше Владата да има разбирање, меѓутоа тоа што го добивме се ниски напади од ВМРО-ДПМНЕ, што е недопустливо во демократско општество, додаде Трендафилов кој рече дека власта во моментов бара синдикален партнер „по мерка“ и сака да го исклучи ССМ од Економско-социјалниот совет“, Слободан Трендафилов – претседател на ССМ

Од владејачката партија, пак, сметаат дека било очигледно оти Сојузот на синдикати е во координација со СДСМ. Велат дека СДСМ првин излегува со соопштение, потоа ССМ само ги повторува нивните барања а СДСМ ги прифаќа и најавува дека ќе ги преточи во предлог – закон.

Реклама

Слободан Трендафилов е незаконски претседател на ССМ, кој ја узурпирал функцијата со помош на СДСМ… Ова не е независен синдикат, туку партиски инструмент на СДСМ. Се користи за креирање забуна во јавноста и за блокирање на реформските процеси, велат од ВМРО- ДПМНЕ

Методологијата со која минималецот треба да порасне за само 1.800 денари ја донесе СДСМ кога беше на власт, а сега од опозиција вели дека најмалата плата требала да порасне за 7.800 денари.

Нивните проекти за кои мислат дека ќе донесат некаков ефект, немаат никаков резултат, туку и одбиваат покачување на 500 евра плата. Одбиваат да соработуваат, да имаа социјален дијалог и да ги покачат платите на работниците, рече Кузеска од СДСМ.

Владата порача дека ќе прифати се што ќе договорат работниците и синдикалците, но е децидна дека во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите како што предлагаат и ССМ и СДСМ.

За да продолжат преговорите на ЕСС, мора да се формира комисијата која ќе ја утврди репрезентативноста. Според најавите од премиерот тоа треба да се случи на утрешната владина седница.

Според законот, минималната плата треба да се усогласи до средината на месецов, а да почне да се исплаќа од април.