Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Македонија

Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог

Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати.

„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог. Да не дозволиме минатото да се повтори. Нека споменот на жртвите биде вечен, напиша денеска на социјалната мрежа Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Facebook / Hristijan Mickoski

-Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати.
Но, историјата не е само спомен, таа е лекција. Нашата обврска е да ја зачуваме вистината, да се спротивставиме на заборавот и да градиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување, напиша на Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој денеска присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Реклама

На настанот освен првите луѓе на Меморијалниот центар и припаднции на еврејската заедница во Македонија присуствувале и поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, Љупчо Димовски вицепремиер и министер за политички систем, пратеничката Рашела Мизрахи и други.