Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Македонија

“Јас сум жена” во посета на оперската дива Милка Ефтимова, по повод 8 -ми март

По повод меѓународниот Ден на жената, здружението за вмрежување на успешни жени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод меѓународниот Ден на жената, здружението за вмрежување на успешни жени во Македонија и светот, “Јас сум жена”, традиционално укажува посебна почит на жените Македонки, кои низ годините ја афирмирале македонската култура, историја, наука, уметност, дома и надвор. Оваа година ја посетивме македонската оперска дива, Милка Ефтимова, во нејзиното сегашно престојувалиште, домот за стари лица, ” Резиденција Дабески лукс”.

Ви се поклонуваме со истото воодушевување и восхит како во вашите оперски изведби, иако од сцената се простивте пред повеќе од 30 години. Ви благодариме за вашиот целокупен придонес кој го дадовте во афирмација на Македонија, од уникатното уметничко претставување во светот до пренесување на вашето музичкото знаење на бројните генерации уметници кои го продолжија вашиот уметнички правец на домашната и светската оперска сцена, рече претседателката на “Јас сум жена”, Ана Дукоска.

Ефтимова, со емоции и изненаденост го прифати вниманието од здружението. Македонската дива изрази благодарност за укажаната чест, и посака успешна работа.
Животна приказна на Милка Ефтимова е поткрепена со бројни награди од целиот свет, државното одликување Орден за заслуги за Македонија и овековечена со монографијата на Снежана Анастасова Чадиковска , „Светот на еден глас„.

Реклама

Ефтимова останува безвременска мотивација и инспирација за оваа и следната генерација жени во Македонија и во светот, да го продолжат културниот натпревар како неизбришлива трага од македонското постоење и придонес во светскиот хуманизам.