Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Македонија

Мицкоски: Економијата се консолидира побрзо од очекувањата

Економијата се консолидира побрзо од очекувањата. Премиерот Мицкоски вели дека сите статистички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата се консолидира побрзо од очекувањата. Премиерот Мицкоски вели дека сите статистички показатели покажуваат дека руинираното стопанството закрепнува и веќе е на состојба нула. Позитивни сигнали дава рекордното ниво на странски директни инвестиции по глава на жител и високиот раст во последните три месеци од минатата година. Мицкоски очекува зголемување на економијата и од 4 до 4 и пол проценти во првиот квартал од 2025 година.

-Индикаторите кои се јавуваат во првата половина година од мандатот на Владата укажуваат дека сме дојдени до состојба „0“, имаме 1,25 милијарди евра странски инвестиции за претходната година од кои рекордни 400 милиони за четвртиот квартал со што повторно сме најдобра земја во регионот по глава на жител и во првите три во Европа, а растот на БДП за 2024 година е 2,8 иако некои ни предвидуваа дена нема да биде ниту 1 отсто, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Свети Николе.

Нашата стратегија по доаѓањето на власт, додаде, беше поделена во три чекори од кои првиот беше да се спречи слободното паѓање, бидејќи системот и институциите беа во распад, владината сметка беше минус 200 милиони евра, во што успеавме.

Реклама

-Втората фаза е од таа точка да стигнеме полека до состојба „0“ и практично сме на крајот од овој втор чекор. Индикаторите што ги истакна Државниот завод за статистика токму тоа го велат дека конечно дојдовме до состојба „0“ иако некои предвидуваа дека консолидирањето ќе трае можеби една или 1,5 години, рече Мицкоски.