Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Вонреден Самит во Брисел, Унгарија не ги поддржа предлог заклучоците, Орбан смета дека трошоците за Украина се преголеми

Сите земји-членки на Европската Унија на вонредниот Самит кој се одржа синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите земји-членки на Европската Унија на вонредниот Самит кој се одржа синоќа во Брисел ја повторија својата поддршка за Украина, освен Унгарија. Со ваквиот потег предлозите не станаа официјален заклучок, туку документ на ЕУ силно поддржан од 26-те земји-членки на Унијата.

„Сите ние сакаме мир, праведен и траен мир, но од позиција на сила. Ова е во интерес на претседателот Трамп. Ако сака да го постигне ова, тоа е можно само со поддршка на ЕУ и нејзините земји-членки, бидејќи треба да се исполнат предуслови. Го обезбедивме економскиот опстанок на Украина за 2025 година. Ова е во интерес на сите“ вели Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, вели дека за Унгарија трошоците за Украина се превисоки.

Реклама

„Треба да потрошиме повеќе пари за да ги зајакнеме нашите сопствени воени и одбранбени капацитети. Но, во исто време, некој треба да ја финансира украинската армија, што е огромна сума пари, а Американците не би биле дел од тоа во иднина. И мислам дека овие три работи заедно- три пакети, се едноставно премногу. Европа не може да си го дозволи тоа. Унгарија дефинитивно не“ вели Виктор Орбан, премиер на Унгарија

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, потврди дека следната недела во вторник, ќе отпатува за Саудиска Арабија, но потенцираше дека нема лично да учествува на преговорите, дека таа задача ќе ја преземат дипломати. Делегациите на САД и Украина ќе се сретнат за да разговараат за она што Вашингтон го нарекува „првичен прекин на огнот со Русија“.

Давид Крстевски