Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Стармер во британскиот Парламент: Неопходно е да се обезбеди траен мир во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер денеска пред британскиот Парламент изјави дека е неопходно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Британскиот премиер Кир Стармер денеска пред британскиот Парламент изјави дека е неопходно да се обезбеди траен мир во Украина и дека затоа се потребни безбедносни гаранции за Киев за да се избегнат нови конфликти со Русија.

Стармер нагласи дека мора да се осигура дека САД, Велика Британија, Европа и Украина соработуваат и дека не треба да има поларизација меѓу САД и Европа кога станува збор за решавање на украинскиот конфликт.

Тој рече дека низ историјата Европа и САД никогаш не се спротивставувале и дека така ќе биде и сега, објави Гардијан.

Реклама

Весникот наведува дека Стармер, сепак, суптилно се соочил со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс поради неговите коментари за европските трупи со отворање парламентарна седница на која пратениците поставувале прашања до членовите на владата, оддавајќи им почит на британските војници кои загинаа во Авганистан.

Стармер рече дека британските војници во Авганистан загинале борејќи се за Британија заедно со сојузниците.

Венс во вторникот негираше дека не ги почитува Велика Британија и Франција, откако неговата изјава дека се во тек планови за испраќање на околу 20.000 војници во Украина во мировна мисија од земја која не била во војна 30 или 40 години наиде на критики од британските и француските политичари и ветерани кои рекоа дека тоа значи непочитување на стотиците војници кои се убиени борејќи се заедно со американските сили во Авганистан и Ирак.

Џеј Ди Венс рече дека е „апсурдно неправедно“ да се сугерира дека ги критикувал британските или француските војници во неговите коментари дадени во интервју за Фокс њуз во понеделникот. Тој истакна дека мислел на други земји кои би можеле да испратат мировници во Украина. Само Британија и Франција јавно се обврзаа да испратат европски мировни сили во Украина.

(МИА)